Од Автомото сојузот (АМСМ) и „Македонија пат“ информираат дека врнежи од снег со променлив интензитет утрово има во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила е воведена од утрово на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево во двата правца поради врнежи од снег, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Исто така, поради врнежи од снег има забрана за сообраќај на камиони и автобуси на патниот правец Шипковица – Попова Шапка.
Забрана за сообраќај на камиони има и на патниот правец Маврово – Дебар.
На останатите патни правци сообраќајот се одвива во зимски услови, наместа влажни коловози поради што се препорачува внимателно возење низ клисурите.
На некои од повисоките места во западните и југозападните делови од земјата има мали остатоци од кашест снег на коловозите.
Од Автомото сојузот (АМСМ) и „Македонија пат“ информираат дека врнежи од снег со променлив интензитет утрово има во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека.
На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.
Се апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сигнализација, како и приспособување на брзината спрема условите на патот.
