Кривични се поднесени и против четворицата вработени во општината – Ф. А. (62) од с. Зајас, А. Н. (38) од с. Србица, Х. Б. (37) од с. Црвевци и Б. С. (36) од с. Стрелци. Пријавени се за перење пари и други приноси од казниво дело
Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според наводите на МВР, Дехари во својство на градоначалник од 2021 до 2025 година склучил договори за вработување со четири лица и свесно им дозволил да не доаѓаат на работа и да добиваат плата и надоместоци и по истекот на законскиот рок не им го прекинал работниот однос.
„На тој начин, Ф. Д. во посочениот временски период, го оштетил буџетот на општина Кичево во износ од 130 000 евра и дозволил другите пријавени лица да се стекнат со материјална корист, од кои, секој засебно и на своја сметка, примиле различна сума пари иако знаеле дека се добиени по сторено казниво дело“,
наведуваат од МВР.
Кривични се поднесени и против четворицата вработени во општината – Ф. А. (62) од с. Зајас, А. Н. (38) од с. Србица, Х. Б. (37) од с. Црвевци и Б. С. (36) од с. Стрелци. Пријавени се за перење пари и други приноси од казниво дело.
