Националистички ориентираниот Орбан, кој е на власт во Унгарија од 2010 година, по првпат се соочува со силен предизвик да се одржи на позицијата на парламентарните избори закажани за 12 април
Унгарската целтрално-десничарска опозициска партија – Тиса и во јануари успеа да го одржи водството од 10 процентни поени во истражувањата на јавното мислење пред партијата Фидес на актуелниот премиер на земјата, Виктор Орбан, пренесува Ројтерс.

Според анкета објавена синоќа, Фидес има посилна поддршка само кај повозрасните гласачи над 59 години, кои живеат во селата и во малите градови.
Националистички ориентираниот Орбан, кој е на власт во Унгарија од 2010 година, по првпат се соочува со силен предизвик да се одржи на позицијата на парламентарните избори закажани за 12 април.
Партијата Тиша, која може да донесе голема неизвесност околу исходот од изборите, ја предводи поранешниот соработник на Орбан, Петер Маѓар.
Како што наведува Ројтерс, гласањето во април се очекува да има големи импликации за Европа, особено за крајнодесничарските политички сили на стариот континент. Орбан, кој е сојузник и одржува блиски врски со американскиот претседател Доналд Трамп, честопати е во судир со Европската Унија и со нејзините институции. Тој често е критикуван за континуирана ерозија на демократските принципи и вредности во Унгарија, наводи што премиерот на земјата постојано ги негира.
Новата анкета, спроведена помеѓу 19 и 24 јануари од страна на „Завец рисрч“ и објавена на веб-страницата на Телекс, покажува дека Тиша има поддршка од 49 проценти кај гласачите, што е за два процентни поени повеќе во однос на ноември лани кога за опозициската партија позитивно се изјасниле 47 отсто од гласачите. Владејачката Фидес има поддршка од 39 проценти, еден процентен поен повеќе во однос на ноември, додека крајнодесничарската партија Ми Хазанк (Наша татковина) има поддршка кај пет проценти од гласачите.
Според анкетата, опозициската Тиса има големо водство од 41 процент наспроти 22 проценти кај гласачите под 39 години, но Фидес води со 38 проценти наспроти 35 кај гласачите над 59 години.
Партијата на Орбан има поголема поддршка и кај гласачите со основно образование. Истражувањето на јавното мислење покажува дека 38 проценти од нив се изјасниле за Фиде, наспроти 27 проценти кои рекле дека ќе гласаат за Тиса.
Повеќето анкети, наведува Ројтерс, покажуваат дека Фидес заостанува зад Тиса и покрај популистичките мерки на Орбан по трите години економска стагнација во Унгарија.
Од друга страна провладините агенции во своите истражуваат на јавното мислење прикажуваат ситуација во која предноста пред изборите во април ја има Фидес.
Унгарскиот премиер, претстојните избори ги означи како избор меѓу војна и мир, критикувајќи ја, во тој контекст, европската помош за Украина, притоа посочувајќи дека неговата влада е единствениот избор кој води кон сигурен мир.
Партијата Тиса, која влезе во политиката во 2024 година, ветува справување со корупцијата и ослободување милијарди евра од замрзнатите фондови на Европската Унија со цел зајакнување на економијата и зајакнување на позицијата на Унгарија во ЕУ.
