По речиси две децении преговори со прекини, договорот ќе овозможи Индија да го отвори својот огромен и заштитен пазар за слободна трговија со 27 земји од Европската Унија, нејзиниот најголем трговски партнер
Индија и Европската Унија (ЕУ) успешно ги завршија преговорите за договор за слободна трговија, преговаран повеќе од 20 години, кој индискиот премиер Нарендра Моди го оцени за понуда на многу можности.

По речиси две децении преговори со прекини, договорот ќе овозможи Индија да го отвори својот огромен и заштитен пазар за слободна трговија со 27 земји од Европската Унија, нејзиниот најголем трговски партнер. Индија и ЕУ се надеваат дека договорот ќе ја зголеми трговијата со намалување на царините во многу сектори.
Договорот треба да им овозможи на двете страни подобро да се заштитат од кинеската конкуренција и од последиците од царините кои ги воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Постигнат е голем договор меѓу Европската Унија и Индија. Луѓето ширум светот го нарекуваат ‘мајка на сите договори’. Со него ќе се отворат можности за 1,4 милијарди луѓе во Индија и милиони луѓе во Европа“,
рече Моди во говорот во Њу Делхи додавајќи дека договорот опфаќа приближно 25 проценти од глобалниот бруто-домашен производ и една третина од светската трговија.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од Њу Делхи порача дека Европа и Индија испишале историја.
„Создаваме зона на слободна трговија од две милијарди луѓе, од која двете страни ќе имаат корист. Ова е само почеток. Ќе го зајакнеме нашиот стратешки однос“,
порача Фон дер Лајен.
Според претставници на владата на Индија, дека формалното потпишување на договорот се очекува се случи во наредните пет до шест месеци, а неговата целосна имплементација во рок од една година
Се очекува Моди и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да дадат заедничка изјава подоцна во текот на денот на самитот Индија – ЕУ во Њу Делхи, откривајќи детали за договорот.
