Повеќе од 50 проценти од руските граѓани заразени со коронавирусот не покажуваат никакви симптоми, изјави Ана Попова, раководител на руската Федерална служба за мониторинг на правата на потрошувачите и благосостојба на човекот.
„Доколку зборуваме за асимптоматски пациенти, понекогаш и до 60 проценти се такви, но во целина, статистиката зборува за 50 проценти од откриените заразени“, кажа Попова во телевизиско интервју.
Таа додаде дека ова е многу добар показател за земјата бидејќи тоа значи активно откривање на случаите.
Во Русија, според последните статистики, има вкупно 553 илјади дијагностицирани со ковид-19, а досега се починати 7 илјади лица. Нешто повеќе од 304 илјади лица во Русија оздравеа од вирусот.