Според надлежните, на одредени патни правци што поминуваат низ усеци и клисури е можна појава на поситни одрони
Поради врнежи од снег е издадена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на повеќе планински превои низ земјата, како Стража, Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга до граничниот премин „Ќафасан“, информираат од ЈП „Македонија пат“ и од Авто-мото сојузот (АМСМ).

Според „Македонија пат“, сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Според надлежните, на одредени патни правци што поминуваат низ усеци и клисури е можна појава на поситни одрони.
Од „Македонија пат“ и АМСМ апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и приспособување на брзината спрема условите на патот.
Нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат проодни сите патни правци низ државата.
