Според него, делегацијата на САД планира голем број состаноци за Гренланд за време на Светскиот економски форум во Давос
Соединетите Американски Држави (САД) и НАТО ќе постигнат договор за иднината на Гренланд што ќе ги направи задоволни и двете страни, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на вчерашната прес-конференција во Белата куќа, одржана само неколку часа пред тој да замине на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Претходно нагласи дека не се откажува од својата цел да го контролира Гренланд, не исклучувајќи ја можноста за преземање на арктичкиот остров со сила.
„Мислам дека ќе најдеме решение со кое и ние и НАТО ќе бидеме многу задоволни. Островот ни е потребен од безбедносни причини“,
рече тој, повторувајќи дека Северноатлантската алијанса не би била силна без САД.
На прашањето колку далеку е подготвен да оди за да го стави Гренланд под контрола на САД, тој само кусо одговори:
„Ќе дознаете“.
Желбата на Трамп да го присвои Гренланд, кој го означи како стратешки важна територија за САД и кој по никоја цена не сака да им го предаде на Русија или Кина, ја потресе глобалната сцена, но и ги стави односите меѓу САД и Европа на сериозен тест.
Според него, делегацијата на САД планира голем број состаноци за Гренланд за време на Светскиот економски форум во Давос.
Откако европските сојузници од НАТО изразија солидарност со Данска и Гренланд, Трамп рече дека ќе воведе казнени царини од 1 февруари за да изврши притисок врз противниците на продажбата на арктичкиот остров на САД.
