Првичната реакција на земјоделците кои присуствуваа на вчерашната четиричасовна средба со премиерот на Грција беше дека не се многу задоволни од дискусијата, но според најавите, конечната одлука за блокадите ќе ја донесат денеска
По вчерашната средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, земјоделците попладнево ќе одржат состаноци на кои ќе го разгледаат исходот од средбата и ќе одлучат дали ќе ги продолжат блокадите на патиштата и на граничните премини ширум Грција или ќе се повлечат.

Првичната реакција на земјоделците кои присуствуваа на вчерашната четиричасовна средба со премиерот на Грција беше дека не се многу задоволни од дискусијата. Во исчекување на денешната одлука на земјоделците, граничните премини и патиштата во Грција ќе останат отворени.
Протестите на грчките земјоделци почнаа на 30 ноември лани со блокади на автопатишта, патишта и граничните премини главно поради високите трошоци за производство, ниските цени на производите и значителните доцнења во добивањето субвенции од Европската Унија.
