Министерката за образование и наука Весна Јаневска преку објава на социјалните мрежи им посака среќа и успех на учениците
За основците и средношколците во државата денеска почнува второто полугодие од учебната 2025/2026 година.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска преку објава на социјалните мрежи им посака среќа и успех на учениците, но и на наставниците во второто полугодие.
„Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на учењето и наставата. Знаењето се гради со труд, упорност и меѓусебна поддршка“,
порача Јаневска.
Министерката за образование минатата недела изјави дека нема пречки за навремен старт на второто полугодие бидејќи согласно изјавите од Министерството за здравство и од ИЈЗ, состојбата со грипот во државата е стабилна.
