Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од источен правец. Утринската температура ќе биде минус 6, а дневната 6 Целзиусови степени

Времето денеска претпладне ќе биде претежно сончево, а попладне облачноста ќе се зголеми. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе се движи во интервал од минус 12 до минус 2 Целзиусови степени, а максималната од 0 до 8 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од источен правец. Утринската температура ќе биде минус 6, а дневната 6 Целзиусови степени.
Во следните три дена од УХМР најавуваат променливо облачно време со повремени локални врнежи претежно од снег.
