Сиљановска-Давкова на Гоџо му подати Пафта, невестински колан од Галичник од 19 век, упатувајќи му желби за добро здравје и лична среќа
Дваесет и деветгодишниот Мартин Гоџо од Варош денеска по повод празникот Богојавление – Водици го фати крстот во водите на Охридското Езеро.

Ова е третпат токму тој да биде најсреќен меѓу стотината верници што влегоа по крстот во водите на Охридското Езеро.
На денешниот чин на фрлање на крстот во Охрид присуствуваа неколку илјади граѓани и туристи.
На церемонијата беше и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, посочувајќи дека овој ден е најголем празник за градот Охрид.
И претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на Богојавление – Водици во Охрид и во Струга, каде што дебарско-кичевскиот митрополит г. Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро и на реката Црн Дрим.
На Мартин Гоџо му подати Пафта, невестински колан од Галичник од 19 век, упатувајќи му желби за добро здравје и лична среќа.
На Петар Чакарески, кој го фати крстот во Струга, пак, претседателката му подати Пафта, Невестински колан од Битола од 19 век.

