Несреќата се случила кога вагони на брз воз што се движел кон Мадрид излетале од шините и преминале на спротивните пруги, судирајќи се со воз што доаѓал од спротивната насока
Најмалку 39 лица загинаа, a околу 152 се повредени во железничка несреќа во јужниот дел на Шпанија.
Несреќата се случила кога вагони на брз воз што се движел кон Мадрид излетале од шините и преминале на спротивните пруги, судирајќи се со воз што доаѓал од спротивната насока. Судирот се случил вчера околу 19:45 часот по локално време во близина на Адамуз во покраината Кордоба, на околу 360 километри од Мадрид.

За време на судирот во двата воза имало 400 патници и персонал. Службите за итни случаи им пружиле помош на 122 лица, од кои 48, меѓу кои пет деца, сè уште се во болница. Од нив, 11 возрасни и едно дете се на интензивна нега. Во меѓувреме, спасувачките екипи соопштија дека оштетените остатоци од возовите го отежнуваат извлекувањето на луѓето заробени во вагоните.
Шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте изјави дека причините за несреќата сè уште не се познати, додавајќи дека надлежните започнале истрага. Тој го опиша инцидентот како исклучително чуден и додаде:
„Сите железнички експерти што ги консултираше владата се крајно збунети од несреќата.“
Поради несреќата, повеќе од 200 возови помеѓу Мадрид и јужниот регион Андалузија – вклучувајќи ги и големите градови Кордоба, Севиља и Гранада – денеска се откажани.
