Пациентот бил со повеќе коморбидитети и не бил вакциниран
На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 69-годишен пациент по компликации од грип. Станува збор за пациент кој бил донесен во тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија и акутен респираторен дистрес синдром, потврди директорот на клиниката, д-р Фадил Цана.
„Кај пациентот лабораториски беше потврдена инфлуенца А. Кон пациентот веднаш беше пристапено од медицинскиот тим во интензивна нега, но покрај сите преземени мерки, пацинетот, за жал, почина“,
рече Цана.
Пациентот бил со повеќе коморбидитети, имал хронична опструктивна белодробна болест и кардиомиопатија. Не бил вакциниран за сезонски грип.

Во моментов на клиниката се хоспитализирани 25-30 пациенти, вели Цана. Неколку се со кислородна поддршка, а само еден е на мехачничка вентилација. Дневните прегледи се движат од 100-115 прегледи.
Минатата недела на клиниката почина и 75-годишна жена, кај која беше потврдена инфлуенца А.
