Како небезбедни се одземени и уништени над 253 килограми храна – месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи
Низа неправилности и пропусти во работењето на маркетите и хипермаркетите, нотирале инспекциските служби од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по спроведените вонредни контроли. Кај шест од контролираните меркети, како што соопшти АХВ, утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на добра призводствена и хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.
Изрезечни се 22 казни на оператори со храна, во вкупна вредност од околу 40 илјади евра .
„Кај десет оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во два маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки,“
соопшти АХВ.
Во рамки на контролите на Агенцијата, како небезбедни од операторите се одземени и уништени над 253 килограми храна – месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи.
Акцијата била спроведена од 13 до 16 јануари годинава, а контролирани биле 188 оператори со храна од оваа категорија.
