Јун беше отповикан, приведен и сменет од претседателската функција откако во декември 2024 година воведе вонредна состојба, што предизвика масовни протести во земјата
Поранешниот претседател на Јужна Кореја Јун Сук-јеол, денеска е осуден на пет години затвор поради воведување вонредна состојба во земјата кон крајот на 2024 година.

Тоа е прва пресуда во осумте казнени постапки што се водат против Јун. Против него се покренати и други обвиненија, вклучително и давање отпор при приведувањето. Најтешкото обвинение, за кое се води посебна постапка, е предводење бунт, за што е предвидена и смртна казна.
Јун не даде веднаш јавен коментар за пресудата. Сепак, неговиот правен тим претходно го обвини независниот обвинител дека е политички мотивиран кога барал 10-годишна затворска казна за обвиненијата. Одбраната во тоа време тврдеше дека обвинителството нема законска основа за барање таква „прекумерна“ казна.
Јун беше отповикан, приведен и сменет од претседателската функција откако во декември 2024 година воведе вонредна состојба, што предизвика масовни протести во земјата.
Поранешниот јужнокорејски претседател тврди дека не планирал земјата долго време да биде под воена управа, туку неговиот декрет бил наменет само за информирање на народот за опасноста од либерално контролираниот парламент кој ја опструирал неговата агенда.
Според истражителите, декретот бил обид за зајакнување на неговата власт.
