Русија во последните денови го гранатираше Киев и остатокот од земјата со ракети и беспилотни летала, уништувајќи околу 70 отсто од главниот град на 13 јануари. Додека енергетските работници ги санираат штетите, нивната работа е отежната од ниските температури и недостигот на опрема за замена
Украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор, со посебен фокус на Киев, кој се соочува со последиците од руските напади што ги оставија жителите без електрична енергија, греење и вода на температури под нулата. Откако руските напади ја оштетија енергетската инфраструктура во главниот град пред пет дена, големи делови од Киев се соочуваат со прекини во снабдувањето со електрична енергија, објави „Киев индепендент“.

Зеленски објави дека во Киев ќе биде формирана работна група за координирање на одговорот на кризата 24 часа на ден, додавајќи дека напорите за поддршка на граѓаните и заедниците во рамките на вонредните мерки ќе ги води новоназначениот министер за енергетика Денис Шмихал.
„Последиците од руските напади и влошувањето на временските услови се сериозни“,
напиша Зеленски на својот Телеграм канал.
Портпаролот на најголемата приватна енергетска компанија во Украина ДТЕК, изјави дека сериозноста на ситуацијата во Киев и низ цела Украина бара невидена координација меѓу властите и добавувачите на енергија.
„Ја поздравуваме одлуката на претседателот Зеленски да спроведе вонредни мерки како одговор на оваа невидена ситуација, вклучително и воспоставување постојан координативен штаб. Тимовите на ДТЕК на терен работат деноноќно за да го вратат снабдувањето со електрична енергија во погодените региони и сме благодарни на секој енергетски работник во Украина за нивната посветеност во вакви екстремни услови“,
рече портпаролот.
Владата ќе ги засили напорите со странските партнери за набавка на критична енергетска опрема, зголемување на увозот на електрична енергија и обезбедување дополнителна поддршка, рече Зеленски. Во исто време, правилата за поврзување на резервната енергетска опрема со мрежата за време на вонредната состојба ќе бидат поедноставени.
Зеленски, исто така, рече дека наредил ревизија на полицискиот час, кој е во сила од почетокот на руската инвазија, за да им се овозможи на луѓето неограничен пристап до „точките на непобедливост“ кои обезбедуваат електрична енергија и греење. Градот, исто така, планира да додаде повеќе вакви точки.
Се очекува Министерството за образование и локалните власти да достават предлози до владата за форматот на посетување училиште за децата за време на вонредната состојба.
Русија во последните денови го гранатираше Киев и остатокот од земјата со ракети и беспилотни летала, уништувајќи околу 70 отсто од главниот град на 13 јануари. Додека енергетските работници ги санираат штетите, нивната работа е отежната од ниските температури и недостигот на опрема за замена.
„Екипите за поправка, енергетските компании, комуналните компании и Државната служба за вонредни состојби на Украина продолжуваат да работат деноноќно за да ги вратат снабдувањето со електрична енергија и греење. Многу прашања бараат итно решавање“,
напиша Зеленски.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко, оцени дека енергетската криза во Киев е без преседан.
„Ова е првпат во четири години војна да видиме ситуација од ваков обем“,
рече Кличко.
Локалните власти претходно објавија дека воздушната одбрана е активирана во главниот град поради уште еден руски напад со беспилотни летала.
