Според Управата за хидрометеоролошки работи, сувото и стабилно време ќе се задржи до крајот на оваа седмица. Од утре по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст
Денеска времето во земјава ќе биде наутро многу студено, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди и со температура неколку степени над нулата, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови од земјата се очекува да дува умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус 12 до минус три Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од нула до седум степени.
Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до три Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, сувото и стабилно време ќе се задржи до крајот на оваа седмица. Од утре по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
