Епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 километри југоисточно од Скопје
Земјотрес со јачина од 2,9 степени е почувствуван синоќа во 1 часот и 14 минути во Прилеп и околината, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 2,9 степени“,
се вели во извештајот од Сеизмолошката опсерваторија.
Како што додаваат оттаму, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
