И во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено. Претпладне ќе дува повремено засилен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час.
„Минималните температури ќе се движат од -15 степени до -6, а максималните од -4 до 3 степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
И во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено. Претпладне ќе дува повремено засилен ветер.
„Во Скопје минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне 2 степени“,
велат од УХМР.
Следните неколку денови времето ќе биде облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен правец. Минималните температури ќе достигнат до -14 степени.
