Од вкупно 128 192 избирачи колку што се запишани во Избирачкиот список, до 11 часот на гласање во четирите општини излегле 4 271 избирачи
До 11 часот, излезеноста на гласачите во четирите општини каде што има повторени избори за градоначалник е 3,33 отсто, објави Државната изборна комисија (ДИК). Од вкупно 128 192 избирачи колку што се запишани во Избирачкиот список, до 11 часот на гласање во четирите општини излегле 4 271 избирачи.

Најголема излезеност има во Маврово-Ростуше односно 5,90 отсто. До 11 часот на гласање во оваа општина излегле 624 гласачи од вкупно 10 575 колку што се запишани во Избирачкиот список. Излезеноста во Гостивар е 3,21 отсто. Од 82 870 запишани избирачи, во Гостивар до 11 часот своето право на глас го оствариле 2 655 граѓани.
Општина Врапчиште има излезеност од 3,02 проценти. Таму досега гласале 824 гласачи од вкупно 27 279 колку што се запишани во Избирачкиот список. Излезеност од 2,22 отсто има во Центар Жупа. Своето право на глас до 11 часот во оваа општина го оствариле 168 од 7 562 запишани избирачи.
Право на глас во четирите општини имаат 128 286 граѓани, а се гласа на вкупно 215 избирачки места. Согласно одредбите на Изборниот законик, за да се избере градоначалник на повтореното гласање, потребно е за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од граѓаните што ќе излезат на изборите.
