„Лицето беше достапно околу 10 минути, по што се изгуби сигналот на неговиот мобилен телефон“, велат оттаму
Во тек е спасувачка акција по изгубен планинар на подрачјето на Националниот парк Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Лицето беше достапно околу 10 минути, по што се изгуби сигналот на неговиот мобилен телефон“,
соопштија оттаму.
Потрагата прво е извршена со ратрак, но безуспешно.
На терен се наоѓаат екипи на Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола и на Националниот парк Пелистер – Битола, кои учествуваат во спасувачката акција.
„Поради непристапниот терен и густата магла, од Ситуациониот центар се побарани координати, кои не одговараат со пријавената локација на планинарот“.
велат од ЦУК.
Со цел да се обезбедат точни координати за лоцирање на планинарот, на терен се наоѓа и директорот на Националниот парк Пелистер, кој е во постојана комуникација со началникот на СВР Битола.
