„Две сообраќајки се случиле на патот Тетово – Гостивар, една на патот Пирок – Боговиње и една на патот Тетово – селот Требош. За една сообраќајка не е извршен увид. За пријавените сообраќајќи во полицијата во Гостивар, за 10 е извршен увид, додека за пет е направен договор меѓу оштетените страни“, соопштија оттаму
Поради пад на температурите во текот на изминатото деноноќие дојде до замрзнување на коловозите во северозападниот регион на државата, што доведе до зголемен број на пријави од граѓани и возачи, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во полициската станица во Тетово се регистрирани четири сообраќајќи, а во гостиварската полиција 15 сообраќајни незгоди.
„Две сообраќајки се случиле на патот Тетово – Гостивар, една на патот Пирок – Боговиње и една на патот Тетово – селот Требош. За една сообраќајка не е извршен увид. За пријавените сообраќајќи во полицијата во Гостивар, за 10 е извршен увид, додека за пет е направен договор меѓу оштетените страни“,
се вели во соопштението од ЦУК.
Според ЦУК, примени се и бројни пријави од граѓани од градовите Тетово и Гостивар, како и од околните населени места за замрзнати споредни и локални улици.
Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово стапи во контакт со надлежните од Општините Тетово, Гостивар и Желино, од каде е потврдено дека се ангажирани фирми за зимско одржување, како и дека на терен сее врши посолување на патиштата по приоритети.
Од „Македонија пат“ – секции Тетово, Попова Шапка и Гостивар информираат дека се врши посолување на автопатите и регионалните патни правци што се под нивна надлежност.
Поради врнежи од снег, на патниот правец Лисец – Попова Шапка е воведена задолжителна употреба на зимска опрема.
ЦУК апелира до возачите да бидат внимателни и да ја прилагодуваат брзината на возење, како и да поседуваат задолжитеелна зимска опрема во возилата.
Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) денеска информираа дека поради појава на голомразица е непрооден патот кон ХЕЦ „Козјак“.
