Тврдењето на Путин за напад – и проценката на САД дека тој не се случил – првично објавена од „Волстрит журнал“, доаѓа во време на интензивни преговори меѓу Трамп и неговите помошници за ставање крај на војната во Украина. Обвинението дојде само еден ден откако Трамп се сретна со украинскиот претседател Зеленски во Мар-а-Лаго и изрази оптимизам за постигнување мир
Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) процени дека Украина не ја таргетирала резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во неодамнешниот напад со беспилотно летало, и покрај тврдењата што самиот Путин му ги упатил на американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор. Проценката, за која директорот на ЦИА Џон Ратклиф го информирал Трамп во средата, го поткопува наративот на Кремљ, објави Си-ен-ен.

Во понеделникот, Русија јавно ја обвини Украина за обид за напад врз домот на Путин, а Трамп им потврди на новинарите дека Путин лично му го кажал тоа. Претседателот тогаш рече дека наводниот напад го вознемирил, велејќи дека не му се допаѓа и не се чувствува добро, опишувајќи се себеси како многу лут. Иако призна дека е можно обвинувањето да е лажно, додаде: „Но, претседателот Путин ми кажа утрово дека е така“.
Сепак, по брифингот на директорот на ЦИА, Трамп се чини дека зазеде поскептичен став. Во средата, тој сподели линк до уреднички текст на „Њујорк пост“ на социјалната мрежа Трут сошал, насловен: „Офанзивната тирада на Путин покажува дека Русија стои на патот на мирот“.
Уредничкиот одбор на „Вашингтон пост“ изјави дека е богато што Путин, кој води брутална војна речиси четири години, верува дека секое насилство во негова близина заслужува посебен гнев и дека секој напад врз Путин е повеќе од оправдан.
„Но, еве ја замката: Нападот со беспилотно летало веројатно никогаш не се случил. (Украинскиот претседател Володимир) Зеленски енергично го негираше тоа. (Портпаролот на Кремљ, Дмитриј) Песков рече дека Русите не можат да обезбедат докази и ги повика медиумите да му веруваат Кремљ на збор. Не, нема да го сториме тоа“,
се вели во уредничкиот редакциски текст на „Вашингтон пост“.
Тврдењето на Путин за напад – и проценката на САД дека тој не се случил – првично објавена од „Волстрит журнал“, доаѓа во време на интензивни преговори меѓу Трамп и неговите помошници за ставање крај на војната во Украина. Обвинението дојде само еден ден откако Трамп се сретна со украинскиот претседател Зеленски во Мар-а-Лаго и изрази оптимизам за постигнување мир.
Некои европски претставници веруваат дека тврдењето на Путин е всушност обид да се попречат мировните напори без да се предизвика гневот на Трамп. Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, во средата изјави дека тоа било намерно одвлекување на вниманието.
Од друга страна, Министерството за одбрана во Москва во средата објави дека 91 беспилотно летало биле лансирани од северна Украина кон резиденцијата на Путин во близина на Валдај во регионот Новгород во северозападна Русија.
Министерството изјави дека повеќе од половина од беспилотните летала биле пресретнати на неколку стотици километри оддалеченост, без да објасни како знаеле дека нивната крајна дестинација е токму резиденцијата на Путин.
Според нивните тврдења, другите биле пресретнати над Новгород. Министерството, исто така, објави мапа на која наводно се прикажани траекториите на беспилотните летала и каде биле соборени.
