Се очекува земјоделците од утре до петок да ги тргнат блокадите поради новогодишните празници, со цел да го олеснат патувањето на граѓаните, исто како што беше случај минатата недела за време на божиќните празници
Грчките земјоделци денеска планираат две четиричасовни блокади на граничниот премин „Евзони“ кон земјава. Сообраќајот ќе биде во прекин за сите возила за влез и излез од Грција во периодот од 11 до 15 часот по македонско време или од 12 до 16 часот по грчко време и од 17 до 21 часот по македонско или од 18 до 22 часот по грчко време.

Се очекува земјоделците од утре до петок да ги тргнат блокадите поради новогодишните празници, со цел да го олеснат патувањето на граѓаните, исто како што беше случај минатата недела за време на божиќните празници.
На заеднички состанок во сабота ќе ги одредат чекорите за следниот период.
Блокадите на граничните премини во Грција започнаа на 30 ноември, при што околу 300 трактори остануваат паркирани на грчката страна на границата „Евзони“.
Блокади за товарни возила има и на премините „Промахонас“ и „Ексохи“ кон Бугарија.
Протестите на земјоделците траат веќе еден месец, започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.
Грчките земјоделци ги почнаа протестите поради зголемените трошоци за производство и ниските откупни цени, како и поради скандалот со европските земјоделски субвенции (ОПЕКЕПЕ), за кој бараат да се утврди политичка и кривична одговорност и да се вратат украдените средства на вистинските корисници.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис очекува дека земјоделците до средина не месец јануари следната година ќе ги тргнат блокадите.
„Колку повеќе се измачуваат граѓаните, толку повеќе земјоделците ја губат оправданоста на нивните барања, особено кога одбиваат да дојдат на дијалог“,
рече тој.
Посочи дека во Грција има речиси 400 000 професионални земјоделци, а на блокадите има околу 4 000 трактори, што значи дека голем број од нив, како и сточарите не учестуваат во протестите.
