„Ова прегазување не е обичен случај. Се работи за смртно прегазување на мојот татко на пешачка патека која се наоѓа на два чекори од нашиот дом на живеење. Обвинетиот вели дека ова е несреќен случај, дека секому може да му се случи. Не, не може секому да му се случи, ако свесно возиш на таа патека постои ризик дека тоа ќе се случи“, рече ќерката на Југослав
Обвинетиот вели дека ова е несреќен случај и дека може секому да му се случи, но не, не може секому да му се случи бидејќи тој свесно возел на пешачката патека.

Ова денеска го изјави Маја Бошковска, една од ќерките на 68-годишниот Југослав Николовски кој на 1 јули годинава беше смртно прегазен од Фатон Љури кој со моторцикл удри во него на пешачка патека во близина на кејот на Вардар. Изјавата на ќерката на Југослав следеше по денешното рочиште во Кривичниот суд на кое Обвинителството и одбраната ги дадоа завршните зборови за случајот, чија пресуда е закажана за 29 декември.
„Ова прегазување не е обичен случај. Се работи за смртно прегазување на мојот татко на пешачка патека која се наоѓа на два чекори од нашиот дом на живеење. Таму постојано има деца, родители, нема кој нема поминато на тоа место во градот. Обвинетиот вели дека ова е несреќен случај, дека секому може да му се случи. Не, не може секому да му се случи, ако свесно возиш на таа патека постои ризик дека тоа ќе се случи. Тој вози огромен мотор ‘кавасаки’ од 1 000 кубика , без возачка дозвола, без кацига, што понатаму“,
изјави Бошковска.
Рече дека семејството се надева на правда и очекува пресудата да биде на највисоко ниво.
Претходно денеска, во Основниот кривичен суд Скопје беа дадени завршни зборови на Обвинителството и одбраната во врска со сообраќајката со смртни последици во која е обвинет 25-годишниот Фатон Љура.
Обвинителката Марија Џабирова-Велков побара Судот да има предвид дека се работи за тешко кривично дело со висок степен на општествена опасност и на обвинетиот да му одреди казна согласно законот.
Според обраната на обвинетитот Фатон Љури, Судот треба да ги има предвид олеснителните околности кои пред сè се однесуваат на годините на обвинетиот и на неговите лични и семејни прилики. Адвокатот на Љури рече дека тој живее во вонбрачна заедница со својата вереница повеќе од две години, која во меѓувреме дознала дека е бремена и која поради лошата психичка состојба се обидела да си го одзеде животот.
