На патните правци Страцин – Кратово, Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје има намалена видливост до 100 метри, а на патот од Скопје за Тетово видливоста е од 30 до 50 метри

Поради појава на магла се бележи намалена видливост на неколку патни правци во земјата, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). На патните правци Страцин – Кратово, Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје има намалена видливост до 100 метри, а на патот од Скопје за Тетово видливоста е од 30 до 50 метри.
Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, а преминот „Евзони“ од синоќа од 21 часот е отворен за сите видови сообраќај за влез во Република Грција.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
