На местото на настанот се испратени околу 100 пожарникари. Главните патишта, железничките и речните патишта низ целата област се затворени
Три лица се тешко повредени денеска во експлозија и пожар во хемиска фабрика во близина на југоисточниот француски град Лион, соопштија локалните власти.

Префектот на департманот Рона на социјалната мрежа Икс напиша дека на луѓето им е советувано да ја избегнуваат областа и да останат во затворен простор, но дека во овој момент нема ризик од труење за локалните жители. Четврто лице е полесно повредено и пожарот е под контрола, додаде тој.
На местото на настанот се испратени околу 100 пожарникари. Главните патишта, железничките и речните патишта низ целата област се затворени.
„Елкем“, норвешката хемиска компанија која е сопственик на фабриката, произведува силикони, силициум, легури за леење, јаглерод и микросилициум и други материјали.
„Ќе спроведеме истраги за да ги утврдиме точните околности на експлозијата“,
се вели во соопштението на „Елкем“.
