Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека при спроведените 262 инспекциски контроли во магацини за пакување пакетчиња, маркети и продавници, ниту еден оператор за храна не е парично казнет ниту, пак, е поништена небезбедна храна
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) констатира минимални недоследности при надзорите за контрола на безбедноста на детските новогодишни пакетчиња.

Од АХВ информираат дека при спроведените 262 инспекциски контроли во магацини за пакување пакетчиња, маркети и продавници, ниту еден оператор за храна не е парично казнет ниту, пак, е поништена небезбедна храна.
„Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите во пакетчето и заради некомплетни декларации, инспекциските служби на АХВ издадоа четири решенија со наредба за повлекување од промет на новогодишни пакетчиња, а на двајца оператори со храна, издадени им се решенија со наредби за ставање на збирни декларации на пакетчињата“,
информираат од Агенцијата.
Од АХВ додаваат дека во однос на минатата година, годинава се утврдени минимални недоследности кај новогодишните пакетчиња и најавуваат дека пред и по новогодишните празници ќе продолжат да вршат контроли за следење на безбедноста на оваа категорија производи.
