Според Управата за хидрометеоролошки работи, стабилното и тивко време ќе се задржи и во текот на викендот до понеделник. Од вторник, кон крајот на денот, се очекува да има услови за слаб локален дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец
По магливото утро на одделни места, од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и слаб ветер од северозападен правец кој особено ќе биде изразен во југоисточните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус пет до два Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од седум до 14 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, променливо облачно и тивко со појава на магла во делови од котлината. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до осум Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, стабилното и тивко време ќе се задржи и во текот на викендот до понеделник. Наместа ќе има појава на магла и зголема облачност. Од вторник, кон крајот на денот, се очекува да има услови за слаб локален дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
