Се очекува дека ова ќе ја ублажи енергетската криза во Египет, кој потроши милијарди долари за увоз на течен природен гас, бидејќи сопствените залихи беа под побарувачката
Израел го одобри договорот за снабдување на Египет со природен гас, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, опишувајќи го како најголемиот договор за гас досега.

Израел потпиша договор за извоз во август со кој ќе се испорача гас во вредност од 35 милијарди долари од гасното поле Левијатан во Египет.
„Денес го одобрив најголемиот договор за гас во историјата на Израел. Договорот е вреден 112 милијарди шекели (34,67 милијарди долари). Овој договор со американската компанија ‘Шеврон’, со израелски партнери, ќе го снабдува Египет со гас“,
рече Нетанјаху во телевизиска изјава.
Нетанјаху додаде дека договорот ќе помогне да се обезбеди стабилност во регионот.
Се очекува дека ова ќе ја ублажи енергетската криза во Египет, кој потроши милијарди долари за увоз на течен природен гас, бидејќи сопствените залихи беа под побарувачката.
Египетското производство почна да опаѓа во 2022 година, принудувајќи го да се откаже од своите амбиции да стане регионален центар за снабдување.
