Во владиното соопштение испратено до медиумите се наведува дека се работи за централизирана јавна набавка за 20 министерства со одлука на Владата, а оти целта на набавката на овие системи е јакнење на кибербезбедноста на институциите преку навремена идентификација на безбедносни слабости и проактивна заштита од закани. Оттаму додаваат дека во текот на постапката имало две понуди, а наведената фирма ја имала најповолната понуда
Владата ги отфрли како целосно неосновани и неточни наводите на опозицискиот СДСМ, од каде што денеска обвинија дека фирма со тројца вработени, основана пред две години, во период од два месеца добила тендери од Владата во вредност од 1,2 милион евра за набавка на ИТ-опрема.

Во владиното соопштение испратено до медиумите се наведува дека се работи за централизирана јавна набавка за 20 министерства со одлука на Владата, а оти целта на набавката на овие системи е јакнење на кибербезбедноста на институциите преку навремена идентификација на безбедносни слабости и проактивна заштита од закани. Оттаму додаваат дека во текот на постапката имало две понуди, а наведената фирма ја имала најповолната понуда.
„Во однос на другата спомената јавна набавка, станува збор за реално потребен софтвер за проект кој го ветивме пред граѓаните со цел зголемена транспарентност и дигитализација на институционалните процеси, односно предвидува модул за следење на договорите (нивна исполнетост и количина), модул човечки ресурси, модул увид за барања од разни институции до СОЗР, прегледност на режиски трошоци и која институција колку троши“,
велат од Владата.
Оттука, обвинувањата на СДСМ ги оценија за тенденциозен обид за политичка манипулација.
„Затоа, уште еднаш потенцираме дека сите релевантни податоци се јавно достапни и лесно проверливи преку официјалните електронски системи на надлежните институции. Овие слаби и безидејни конструкции лесно се распаѓаат при најосновна проверка. Јавно и одговорно тврдиме дека во сите постапки не постои ниту најмал пропуст, ниту најмала неправилност“,
додаваат од Владата.
