Сообраќајна несреќа се случи вчера на магистралниот пат Кочани – Виница, на местото викано Сланечки Дол, откако возач со патничко возило „пежо“ излетал надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од здобиените повреди, на местото на настанот, починал возачот.
„Патничко возило ‘пежо’ со винички регистарски ознаки, управувано од Б. Ќ. (48) од Виница вчера во 17:35 часот излетало надвор од коловозот на патот Кочани – Виница“,
стои во полициското соопштение.
Лекар на Итната медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото на сообраќајката извршија екипи на ОВР Кочани.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
