Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува лидерот на СДСМ, Венко Филипче, се емитува вечерва (15 декември 2025 г.) од 21:30 часот на МРТ 1
Дали на утрешната седница на Централниот одбор на СДСМ ќе ги пополни сите испразнети места во раководството и со кои луѓе, по оставките на заменик-претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, членовите на Извршниот одбор. Ова е една од темите на кои разговараме со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Го прашуваме зошто и од каде толку многу паралели со Србија и власта на Вучиќ на прес-конференциите и во соопштенијата на СДСМ во последно време. Неизбежна тема се и наводите дека Владата преговара за прием на оние што ќе бидат одбиени за азил во Обединетото Кралство – зошто на СДСМ не ѝ се доволни демантите од власта, туку случајот го ескалира до барање Собранието да изгласа резолуција, како и чија е одговорноста за вознемиреноста на граѓаните. Разговараме и за предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител, реформите во правосудството, економијата и непотребните операции на срце.
Емисијата се емитува од 21:30 часот на МРТ 1.
