Шампионатот почнува на 11 јуни, а финалето ќе се игра на 19 јули во Њу Џерси

Македонските фудбалери доколку го минат бараж натпреварот со Данска, а потоа извојуваат победа со Република Ирска или со Чешка, во Светскиот куп 2026 ќе бидат распоредени во групата А. Тука, после денешното извлекување на групите, се најдоа репрезентациите на ко-домаќинот Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја.
Бараж натпреварот со Данска е закажан за 26 март, а победата ќе ги однесе македонските фудбалери на 31 март на дуел со победникот меѓу Република Ирска и Чешка, за конечен пласман. Македонската репрезентација двата натпревари би ги играла на гостински терен.
Распоред на групите:
- Група А: Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја, победник од бараж Македонија – Данска / Република Ирска – Чешка.
- Група Б: Канада, победник од бараж БиХ – Велс / Италија – Република Ирска, Катар, Швајцарија.
- Група Ц: Бразил, Мароко, Хаити, Шкотска.
- Група Д: САД, Парагвај, Австралија, победник од бараж Словачка – Косово / Турција – Романија.
- Група Е: Германија, Курасао, Брегот на Слоновата коска, Еквадор.
- Група Ф: Холандија, Јапонија, победник од бараж Украина – Шведска / Полска – Албанија, Тунис.
- Група Г: Белгија, Египет, Иран, Нов Зеланд.
- Група Х: Шпанија, Зеленортски острови, Саудиска Арабија, Уругвај.
- Група И: Франција, Сенегал, победник од бараж Ирак / Боливија – Суринам, Норвешка.
- Група Ј: Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан.
- Група К: Португалија, победник од бараж ДР Конго – Нова Каледонија – Јамајка, Узбекистан, Колумбија.
- Група Л: Англија, Хрватска, Гана, Панама.
Во „Центарот Кенеди“ во Вашингтон денеска репрезентациите од „првиот шешир“ ги извлекуваше НФЛ играчот Том Брејди, од „вториот шешир“ беше поранешниот НБА играч Шекил О‘ Нил. Од „третиот шешир“ репрезентациите ги извлекуваше бејзбол играчот Арон Џаџ, а од „четвртиот шешир“ НХЛ легендата Вејн Гретцки.
Шампионатот почнува на 11 јуни, а финалето ќе се игра на 19 јули во Њу Џерси.
Мундијалот ќе биде отворен со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка во Мексико Сити на стадионот „Ацтека“.
