Ова е коментарот што владејачката ВМРО-ДПМНЕ го даде во врска со соопштението на СДСМ од утринава во кое опозиционерите наведоа дека премиерот Христијан Мицкоски го имитира српскиот претседател Александар Вучиќ и по негов модел за напролет подготвува предвремени парламентарни избори
СДСМ покажува дека се плаши од соочување со народот. Ова е коментарот што владејачката ВМРО-ДПМНЕ го даде во врска со соопштението на СДСМ од утринава во кое опозиционерите наведоа дека премиерот Христијан Мицкоски го имитира српскиот претседател Александар Вучиќ и по негов модел за напролет подготвува предвремени парламентарни избори.

„Доколку во СДС сметаат дека се подготвени и дека ја имаат поддршката од народот за избори, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори. Доколку во СДС сметаат дека анкетите во кои тие се 4-5 партија во Македонија не се точни и дека имаа поголема доверба од народот, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно денеска, СДСМ во партиско соопштение направи споредба меѓу политичкото дејствување на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и српскиот претседател Александар Вучиќ, потенцирајќи дека власта во земјава работи по усогласени политички чекори со таа во Србија. Во таа насока, опозицијата посочи дека Мицкоски го имитира Вучиќ и по негов модел за напролет подготвува предвремени парламентарни избори.
Мицкоски на вчерашниот брифинг со новинарите ја отфрли идејата за предвремени парламентарни избори напролет 2026 година и посочи дека следната година е предизвикувачки период за државата во кој треба да се продолжи со реформската агенда, но и да се одржи макроекономската стабилност на земјата.
