Од фотографиите што се споделуваат на социјалните мрежи се гледа дека горат стари објекти што се наоѓаат веднаш спроти влезот на црквата „Свети Спас“, одделени со тесна улица
Пожар избувна вечерва во стара куќа во близина на црквата „Свети Спас“ на влезот во Старата скопска чаршија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Оттаму велат дека пожарот избувна во 19:43 часот, а на терен веќе интервенираат скопските пожарникари.

Од фотографиите што се споделуваат на социјалните мрежи се гледа дека горат стари објекти што се наоѓаат веднаш спроти влезот на црквата „Свети Спас“, одделени со тесна улица.

Во гаснењето на пожарот, како што соопшти ЦУК, интервенираат 12 пожарникари со четири противпожарни возила.
Од видеоснимките од местото на настанот може да се види како се издига густ чад од Старата скопска чаршија, во близина на Калето.
