Опасност од појава на одрони има на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево
Поради магла, денеска е намалена видливоста до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

„Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Умерен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини“,
се вели во соопштението од АМСМ.
Оттаму додаваат дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што можат да се појават одрони.
Опасност од појава на одрони има на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
