Минатата недела најмногу случаи се регистрирани во Куманово или 49, па потоа во Струмица – 16, Штип – 11, Тетово – девет, Гостивар – седум, Прилеп и Кавадарци по шест, Македонски Брод има пет случаи, Неготино – три, а Радовиш и Скопје со по еден пријавен случај
Од 24 до 30 ноември годинава се регистрирани 114 нови случаи на заболени од грип, што е 25,3 отсто повеќе од претходната недела, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Споредбено со истата недела од минатата сезона, се забележува зголемување од 75,4 отсто.
Минатата недела најмногу случаи се регистрирани во Куманово или 49, па потоа во Струмица – 16, Штип – 11, Тетово – девет, Гостивар – седум, Прилеп и Кавадарци по шест, Македонски Брод има пет случаи, Неготино – три, а Радовиш и Скопје со по еден пријавен случај.
Според податоците на ИЈЗ, оваа сезона 2025/2026, вкупниот број случаи со грип изнесува 776.
Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 70,9 отсто.
„Најголем број на заболени лица се регистрирани во Гостивар, а највисока кумулативна инциденца се регистрира на територијата на Македонски Брод. Најголем број од заболените се на возраст од 15 до 64 години или 584 случаи“,
се вели во извештајот на ИЈЗ.
Оттаму посочуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.
Според податоците од Управата за електронско здравство, досега се вакцинирани се вкупно 76 477 лица од ризичните категории на населението со бесплатни вакцини. Со комерцијални вакцини се
вакцинирани вкупно 1 658 лица.
Вкупно во земјава се вакцинирани 78 105 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.
