Регулативата на ЕУ е правно обврзувачка, што ја поттикна Унгарија, која нема излез на море и е во голема мера зависна од рускиот гас, да објави дека ќе ја оспори одлуката пред Судот на правдата на ЕУ. Прифаќањето и спроведувањето на ваквата наредба од Брисел, според шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, е невозможно за Унгарија
Унгарија најави дека ќе покрене правна постапка против одобрувањето на привремениот договор во Европската Унија (ЕУ) за постепено укинување на увозот на руски природен гас, чија цел е да се стави крај на зависноста на европските земји од руската енергија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека ЕУ влегува во „нова ера“ со постепено укинување на руските фосилни горива, вклучително и забрана на увозот на течен природен гас.
Регулативата на ЕУ е правно обврзувачка, што ја поттикна Унгарија, која нема излез на море и е во голема мера зависна од рускиот гас, да објави дека ќе ја оспори одлуката пред Судот на правдата на ЕУ.
„Прифаќањето и спроведувањето на ваквата наредба од Брисел е невозможно за Унгарија“,
рече министерот за надворешни работи Петер Сијарто.
Тој додаде дека штом планот на ЕУ биде усвоен, Унгарија ќе го оспори пред Судот на правдата на Европската Унија.
„Правните постапки ќе започнат без одлагање. Подготвителните работи се веќе во тек. Ќе направиме сè што е потребно за да ја одбраниме енергетската безбедност на Унгарија“,
објави Сијарто, додавајќи дека договорот на ЕУ е санкција против Русија, а не за потег на трговската политика.
As soon as the RePowerEU plan is formally adopted, we will immediately challenge it before the @EUCourtPress. Legal proceedings will start without delay. Preparatory work is already underway. We will do everything necessary to defend Hungary’s energy security.
— Péter Szijjártó (@FM_Szijjarto) December 3, 2025
Освен Унгарија, и Словачка објави дека разгледува одговор на усвојувањето на нови мерки.
Европскиот совет соопшти дека е постигнат договор со претставниците на Европскиот парламент за постепено укинување на увозот на руски гас до 2027 година. Договорот предвидува правно обврзувачка забрана за увоз на течен природен гас и гас за цевководи од Русија. Договорот сега ќе треба да биде одобрен од Европарламентот и од Советот на ЕУ, по што Регулативата ќе стапи во сила откако ќе биде објавена во Службениот весник на ЕУ.
