Иако учеството на администрацијата во изборните органи, по случаен избор, е работна обврска предвидена со Изборниот законик, дополнителната заменик-министерка вели дека членови на ИО се подготвуваат да се повлечат затоа што стравуваат од ковид-19
Дополнителната заменик- министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска тврди дека десетици административци најавуваат напуштање на избирачките одбори поради страв од ковид -19.
„Kога десетици административци најавуваат напуштање на избирачките одбори поради страв од ковид-19, тогаш тоа треба да биде сигнал дека политиките на Владата одат во многу погрешен
напиша Стаменковска на фејсбук.
правец. Одговорни политичари ваквата информација ќе ја разберат сериозно и ќе се обидат да се корегираат, но за жал станува се’ повеќе јасно дека такви политичари не може да се најдат во
редовите на СДСМ“,
Според неа, во услови кога нашата земја руши рекорди по бројот на новозаболени од ковид-19, кога секој ден нова институција станува кластер на зараза и кога истовремено се следат неодговорните изјави иоднесувањето на функционерите на СДСМ секој би се загрижил за сопственото здравје. Изминатиов период гледаме катастрофалното потфрлање од страна на работодавачите во јавниот
сектор во обезбедување на услови за работа пропишани во одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа, тврди Стаменковска на фејсбук.