Аналитичарот Александар Кржаловски во дебата на „360 Степени“ вечерва оцени дека има оптимизам дека сепак ќе има договор по соопштението издадено од претседателскиот кабинет по завршувањето на лидерската средба вечерва.

„Разговорите и обидите ќе продолжат бидејќи истекува и времето. Ако остане Пендаровски на ставот да не ја продолжува вонредната состојба понатаму, тоа значи дека СДСМ ќе пристапи кон подготовка на избори, односно ќе продолжат да течат изборните рокови за избори на 5 јули. Верувам дека така ќе постапат ако нема договор за друг датум до недела, додека не истече оваа вонредна состојба. Ако се договорат за нешто друго, веројатно ќе има продолжување на вонредната состојба за недела или две понатаму“,
вели Кржаловски.
Тој вели дека е зачудувачки како не може да се постигне договор доколку разликата е недела или две.