За ставката храна и пијалаци на семејствата им се потребни 23 534 денари, додека за подмирување на режиските трошоци треба да одвојат 6 130 денари

Минималните месечни трошоци потребни за егзистенција на едно четиричлено семејство во ноември изнесувале 65 173 денари, покажуваат најновите податоци од синдикалната минимална кошница, која ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Оваа сума претставува намалување од 371 денар во споредба со октомври, кога за минимални трошоци беа потребни 65 544 денари.
Според пресметките на ССМ, доколку семејството живее под кирија, потребни му се и дополнителни трошоци.
Доколку семејството изнајмува стан од 60 квадратни метри, вкупните минимални месечни трошоци се искачуваат на 80 548 денари.
Најголем дел од сумата во кошницата и понатаму отпаѓа на основните потреби – храна и домување. За ставката храна и пијалаци на семејствата им се потребни 23 534 денари, додека за подмирување на режиските трошоци треба да одвојат 6 130 денари.
Останатиот дел од сумата ги покрива трошоците за превоз, облека, здравје, хигиена, култура и образование.
