Како што информира струмичката полиција, со телесни повреди се здобија уште седум мигранти од Кина, кои без знаење на возачот на камионот влегле во приколката
Камион со српски регистарски таблички утрово се преврте на патот Валандово – Дојран, при што загина една мигрантка од Кина, а седуммина се повредени, информира Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица.

„Камионот утрово околу 4:20 часот излета од коловозот и се преврте на патот Валандово – Дојран. Во несреќата од здобиените повреди почина мигрантка од Кина“,
се вели во соопштението на полицијата.
Телото на починатата е предадено на обдукција.
Со телесни повреди се здобија уште седум мигранти од Кина, кои без знаење на возачот на камионот влегле во приколката.
„Возачот С. М. е задржан во болницата во Гевгелија за укажување помош“,
велат од СВР Струмица.
Увид на местото на несреќата извршија екипи од Одделението за внатрешни работи Гевгелија.
Струмичките пожарникари информираат дека утрово во 8 часот учествувале во акција за извлекување на лицата од превртеното моторно возило.
