Пушилин во објава на апликацијата Телеграм напиша дека котларниците и пречистителните станици во термоелектраните во Зугреш и Старобешево се затворени и службите за итни случаи работат за да ги вратат во функција

Шефот назначен од Москва на руски контролираниот дел од украинскиот регион Донецк, Денис Пушилин, денеска изјави дека во напад од страна на украинските сили во текот на ноќта биле оштетени две термоелектрани, по што бројни населби останале без електрична енергија.
Пушилин во објава на апликацијата Телеграм напиша дека котларниците и пречистителните станици во термоелектраните во Зугреш и Старобешево се затворени и службите за итни случаи работат за да ги вратат во функција.
Еден ден претходно, Пушилин рече дека Украинците оставиле околу 500 илјади луѓе без електрична енергија во напад со беспилотни летала врз енергетската инфраструктура на регионот.
Од украинската страна, како што пишува Ројтерс, засега нема потврда за овој напад.
Во последните недели, Киев изврши повеќекратни напади со беспилотни летала со долг дострел врз енергетската инфраструктура на делови од Донецк, кој е под руска контрола, со цел да ја поткопа способноста на Русија да ја продолжи војната.
