Сеизмолошката опсерваторија при Природно-научниот факултет во Скопје објави дека земјотресот во земјава е регистриран во 15:48 часот и е почувствуван во североисточните делови – во Делчево, Виница и околината
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во соседна Бугарија.

Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на потресот се случил на 16 километри југозападно од Благоевград, на длабочина од 5 километри.
Потресот е регистриран во 16:48 часот по локално време, а е почувствуван и во Македонија.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-научниот факултет во Скопје објави дека земјотресот во земјава е регистриран во 15:48 часот и е почувствуван во североисточните делови – во Делчево, Виница и околината.
