Тој најави дека веднаш по завршувањето на периодот на опоравување, се враќа на редовно извршување на своите обврски во полн капацитет

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на својата фејсбук-страница објави дека бил подложен на успешна хируршка интервенција во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје и дека се чувствува стабилно.
Тој информира оти во моментов е под надзор на лекарите, по што ќе следува краток период на опоравување.
Тошковски во објавата испрати уверување до јавноста дека неговото привремено отсуство нема да влијае на работата на институцијата.
„Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните“,
напиша Тошковски.
Тој најави дека веднаш по завршувањето на периодот на опоравување, се враќа на редовно извршување на своите обврски во полн капацитет.
