Како што пишува во описот за случајот, во еден момент, осомничениот со тупаница го удрил оштетениот во главата, а другиот напаѓач му се заканил со боксирач. Претурајќи по јакната на нападнатиот пронашле и одзеле 8 800 денари
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска соопшти дека е поведена истрага против едно лице за сторено кривично дело – разбојништво.

Делото, како што велат од Обвинителството, го извршил со уште едно лице, по кое полицијата се уште трага.
На 15 ноември двајцата осомничени следеле еден оштетен и го нападнале спроти трговски центар во Скопје.
Како што пишува во описот за случајот, во еден момент, осомничениот со тупаница го удрил оштетениот во главата, а другиот напаѓач му се заканил со боксирач. Претурајќи по јакната на нападнатиот пронашле и одзеле 8 800 денари.
„Го турнале на земја, го удирале со клоци и се обиделе да му го скршат мобилниот телефон, по што избегале“,
се вели во соопштението.
Јавен обвинител до судија на претходна постапка до Кривичниот суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 43-годишник.
