Осумдесет и петгодишна државјанка на Велика Британија го загубила животот во торнадо што ја погодило областа Албуфеира на југот на Португалија, додека 28 лица сместени во хотел се повредени од кои двајца потешко
Три лица загинале, а десетици се повредени во Португалија како последица на временските непогоди што ги предизвика бурата „Клаудија“, која денеска зафати и делови од Велика Британија и Ирска, пренесуваат светските медиуми.

Според агенциските извештаи, спасувачките екипи во четвртокот ги пронашле телата на повозрасен брачен пар во нивниот поплавен дом во местото Фернао Фер, во близина на Лисабон, покрај брегот на реката Тахо. Се верува дека тие спиеле и не можеле да се спасат додека нивото на водата почнало нагло да расне во текот на ноќта.
Службите за итни случаи во Португалија денеска објавија дека торнадо ја погодило областа Албуфеира на југот на земјата, а од снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како тоа уништува камп.
Шефот на регионалната служба за цивилна заштита, Витор Ваз Пинто, изјавил дека во торнадото загинала 85-годишна државјанка на Велика Британија, додека 28 лица сместени во хотел во близина се повредени. Од нив двајца биле хоспитализирани поради сериозноста на повредите.
An 85-year-old British woman has died at a holiday campsite after Storm Claudia hit the Portuguese city of Albufeira
— Sky News (@SkyNews) November 15, 2025
Regional commander of the Algarve, Vitor Vaz Pinto, said dozens of people were injured in the area. pic.twitter.com/kZ1XrByVgH
Португалската метеоролошка служба (ИПМА), како што пренесува ХРТ, го ставила целиот регион Алгарве и окрузите Беха и Сетубал на второ највисоко ниво на тревога.
Поплави предизвикани од бурата „Клаудија“ ги погодија и Велика Британија и Ирска, а според извештаите најкритично е во Велс и Англија каде спасувачките служби организирале евакуација на населението во погодените места.
Ситуацијата е најлоша во градот Монмут во Велс, каде што нема електрична енергија и чии жители се евакуираат.
Службите за итни случаи синоќа и денеска наутро биле распоредени на повеќе места низ цела Англија каде надојдените води ги претвориле улиците во реки.
⚠️ Floods have prompted “risk to life” warnings in Wales after Storm Claudia brought torrential rain.
— The Telegraph (@Telegraph) November 15, 2025
Read more here: https://t.co/0no8rD9m1x pic.twitter.com/pZCZIVyIWV
„Држиме палци и се молиме бурата да нè одмине. Но, има предупредување, па затоа сме многу загрижени. Како што можете да видите, во мојата канцеларија сè ставено на повисоко место за да ја минимизирам штетата во случај на поплава“,
изјавила жителка на гратчето Бјудли во Англија.
