„Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот“, велат од Центарот за управување со кризи
Две странски државјанки се изгубиле на патот кон Дрисла и во тек е акција на надлежните институции за нивно пронаоѓање, информира попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Случајот бил пријавен преку единствениот повикувачки број за итни случаи – 112, а од ЦУК велат дека се во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Полициската станица Драчево, од кои е побарано да упатат екипа на терен.
Според информациите, двете странски државјанки се изгубиле додека патувале со возило во реонот на патот кон Дрисла.
„Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот“,
велат од Центарот за управување со кризи.
