И утре ќе се задржи сончево и тивко време со мала до умерена облачност. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

Наутро постудено со појава на магла по одделни котлини, но, текот на денот, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Минималните температури ќе се движат од –3 до 4 степени, а максималните ќе достигнат од 15 до 19 степени.
Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност.

Утре ќе се задржи сончево и тивко време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник, како што најавува УХМР, ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

